Затвореник во КПУ Идризово позитивен на корона

Осуденик кој изминатиот викенд кој користел остуство од затворот се вратил заразен со Ковид-19.

Затвореникот вчера кај затворскиот лекар пријавил симптоми на корона, веднаш бил пренесен во импровизираниот дел предвиден за изолација каде беа повикани лекари од ЦЈЗ, кои му земаа брис за испитување.

Според нашите извори, утринава стигна потврда дека примерокот земен од затвореникот е позитивен на Ковид-19.

Во затворот Идризово во моментот на издржување на казна се наоѓаат околу 1.500 лица.

Минатата недела под притисок на затворениците управата донесе одлука да дозволи користење на викенд отсуство на околу триста затвореници.

avaz.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави