Затвор Шутка: Хашките соби стануваат женски соби, соба за молитви – за Нова Година ќебапчиња

Директорот на Истражниот затвор Скопје познат како Шутка  Есад Рахиќ денеска објави новитети околу функционирањето на затворот. Популарното хашко одделение во кои поминаа многу јавни лица , ќе се преуреди и ќе стане женско одделение. Исто така затворот планира да одвои посебна соба за молитва. Оваа година затворениците за Нова Година во менито ќе добијат ќебапчиња добиени од донации.

Она што е важно за овој затвор е дека повеќе не е дивоградба, туку е легано заведен имот со имотен лист. Во него ќе се вработуваат нови полицајци се додека не се достигне бројот потребен за обезбедување 350 затвореници.

Реновирани се шест од вкупно 10 ќелии во блок Б, со донации почна обновата на покривот, донирани се ќебиња, чаршафи, облека и еден замрзнувач обновена е една бања, а имаме и донација бетонски платна за еден нов ѕид, веќе се инсталирани фотоволтаици со кои ќе се произведува струја за топлење вода за потребите на затворот. Ќе се вградува телефонска централа и говорници каде разговорите ќе се снимаат, а затворениците ќе ги користат со најава. На тој начин ќе се справуваме со нелегалните мобилни телефони, ги презентираше новитетите директорот Рахиќ.

Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави