Обвинителството за организиран криминал и корупција поднесе предлог да ѝ се продолжи притворот на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева. Иако нејзината адвокатка тврди дека Јанева има големи здраствени проблеми и нема повеќе причини да биде во притвор, обвинителство сепак смета дека ако излезе од Шутка може да побегне или да влијае на истрагата. Одлуката судот ќе ја донесе в петок.

До сега притворот на Јанева беше под сите три основи, опасност од бегство, влијание врз сведоци и повторување на делото. Овој пат обвинителството бара да и се продолжи притворот по првите две основи а не и по третата за повторување на делото бидејќи веќе е разрешена.