Во период од осум месеци Дер уби тројца и тоа во Холандија , Унгарија и во Србија. Дер на судот во Прага бил донесен од притвор со силно обезбедување од маскирани специјалци. Тој цело време се смееше и им мафташе на новианрите. ,,Ја сакам Чешка.” извикуваше платениот убиец од Србија.
Тој се согласи да биде екстрадиран во Унгарија , а негова екстрадиција побара и Србија , па за ова барање ќе се решава наредните денови.
Дер е осомничен за убиството на Иван Сердарушиќ , Холанѓанец со хрватско потекло. Него го уби среде ресторан пред шокираните гости во центарот на Амстердам. По два месеца во Будимпешта го застрела Ласло В. на паркинг , ателото го фрлил во поток.
На почетокот на годинава го убил Небојша Марковиќ во Белград , додека ја вадел детската количка од автомобилот. Дер дошол до него и го изрешетал. Потоа на безбедносните камери се гледа како се качува во автомобил и заминува. Возачот на автомобилот Ален Циглер, подоцна е уапсен.