(видео)Камчев заврши во притвор

Бизнисменот Орце Камчев по излегување од судот, негираше дека сакал да бега, како што образложи Агенцијата за национална безбедност. Тој рече “Ма какво бегање”, одговарајќи на прашањето од „А1он“ дали планирал бегство.

Камчев е спроведен во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка, каде треба да одлежи 30-дена по одлука на судија на претходна постапка.. Од судот беше изнесен со лисици на рацете, кои ги криеше со парче облека. Беше однесен со полициско комбе.

Информацијата за бегство на Камчев ја предочи Агенцијата за национална безбедност, а обвинителите кој го застапуваат случајот за плацевите на Водно побараа одредување на ефективен притвор.

извор: А1.он

видеото е спотвеност на А1.он

Total
0
Shares
Поврзани објави