Убиецот осуден на доживотен затвор, најден на таван во „Идризово“

Албанскиот државјанин А.Д., кој е осуден на доживотна робија за извршени разбојништво и убиство, кој успеал ноќеска да побегне од ќелијата каде ја издржувал казната, утринава е најден на таванот на затворот „Идризово“.

Според одговорното лице во затворот, осудениот А.Д. бил во својата ќелија при проверката на 07.02.2020г. во 19,00ч. а на 08.02.2020г. во 07,00ч. забележале дека избегал. Бегството е извршено со сечење на заштитна решетка од келијата која се наоѓала на третиот кат.

За час и половина бегалецот од ќелија бил најден.

Total
0
Shares
Поврзани објави