Суспендиран затворскиот чувар по непростојното однесување за време на транспортот на Боки 13

Затворскиот чувар кој денеска во Обвинителството за организиран криминал направи непристоен гест кон новинарските екипи, е суспендиран од работа.

Затворскиот чувар е суспендиран и на барање на заповедникот покрената е дисциплинска постапка против него, потврди директорот на истражниот затвор во Шутка, Есад Рхиќ.

Реакцијата на директорот на затворот следува веднаш по објавувањето на видео снимката на која се гледа затворскиот чувар, кој непристојно се однесува.

Срамниот настан се случи во моментите кога екипата на брзата помош, помогната од стражари во Обвинителството го изнесуваа Боки 13, кому му се слоши пред да даде исказ во врска со случајот „Рекет“.

Total
0
Shares
Поврзани објави