“Шутка” се тресе: Директорот заминува, марихуана по собите, нови правила за прошетки

Директорот на затворот  КПУ Затвор Скопје, Ѓоко Котевски, ги доставил до Владата оставката и извештајот во врска со инцидентот во затворот во кој беа нападни Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски. Според информациите, досега против 11 вработени во затворот се покренати дисциплински постапки поради пропусти во работењето.

Оставка од директорот на затворот побара премиерот Зоран Заев, кој истакна дека во затворот секој треба да си ја врши работата и да не дозволува ни намерни ни ненамерни инциденти.

Листата на одгoворни лица, против кои ќе бидат покренати дициплински постапки можно е да се прошири а одговорност ќе се бара од вработени во чуварската служба, но и од раководни структури во затворот кои направиле низа пропусти во работењето.

При проверка на ќелиите во кои се сместени оние кои се пофалија дека тепале биле пронајдени телефони и марихуана.

Засега според новите правиле прошетките ќе бидат во групи со лимитиран број затвореници од по четворица.

Министерката за правда, Рената Дескоска, рече дека е згрозена од случајот и дека очекува сите надлежни институции професионално и одговорно да го расветлат случајот.

Во врска во КПУ Затвор Скопје реагираа и од Делегацијата на Европската Унија, претседателот Ѓорге Иванов, политички партии, универзитетски професори и јавни личности.

Total
0
Shares
Поврзани објави