Штрајк на осудениците во Идризово?

Со писмо осуденици од најголемиот затвор во Македонија ја известуваат јавноста и директорот на затврот дека од утре ќе спроведат штрајк со глад бидејќи и покрај сите барања до Владата и Премиерот не добиле објасување околу новата најава за амнестија.

Тие бараат амнестијата општа амнестија и за лицата кои не ги опфати амнестијата пред една година. Бараат и преиначување на казните за осудениците на доживотен затвор според Евроските закони. Доколку не добијат одговор во писмото пишува дека ќе биде организиран поголем штрајк а нивните семејства ќе протестираат пред Владата.

Досие.мк не ја потврдува автентичноста на писмото бидејќи и досега имало информации и писма за штрајкови со глад во затворот. Информацијата ќе биде подетално проверена деновиве и начинот на кој штрајкот ќе се реализира доколку навистина затворениците го кренат гласот за барање амнестија. Наши извори не ја исклучуваат можноста тие да се инструирани и од лица од надвор кои се незадоволни од најавите дека лица, пратеници односно дел од групата обвинети за настаните од 27 април можно е да добијат амнестија или некоја форма на простување на делото за кое им се суди.

Total
0
Shares
Поврзани објави