Се купуваат телевизори за КПУ “Идризово”

Министерството за Правда , Управата за извршување на санкции распиша оглас за набавка , транспорт и монтажа на телевизиски приемници за потребите на КПУ Идризово. Проценетата вредност на договорот без ДДВ е над еден милион денари, а главен критериум за доделување на договрот е најниска цена.

Ова е дел од планот на Управата за модернизација на затврот и опремување по европски стандарди , но и дел од борбата со корупцијата во затврот и спрегата меѓу дел од вработените со познати опасни затвореници осудени за тешки дела , убиства и трговија со наркотици , кои за секоја услуга внатре наплаќаа пари. Пари земаа и делеа затвореници со надзорници и командири дури и за поволности кои им следуваа по закон на затворениците.

Total
0
Shares
Поврзани објави