Човек кој работел во затворот Доб во Словенија е заразен со коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Ова е првиот случај заразата да се појави во казнено-поправна установа. Веднаш се изолирани сите оние кои имале контакт со лицето и според информациите на надлежните во изолација се вкупно осум лица. Сите ќе бидат тестирани за коронавирусот.

И покрај тоа што вчера беше соопштено дека нема заразени со коронавирусот во затворите низ земјата, веќе денес е потврден првиот случај.

– Навистина е потврден случај на коронавирусот кај човек кој преку надворешна компанија работел во затворот. Поради тоа веќе се преземаат мерки за заштита и изолирани се сите оние кои имале контакт со заразениот, изјавија од Управата за извршување санкции.

Во затворот Доб, моментално има околу 600 затвореници и 200 вработени.

Вчера од словенечката Влада најавија дека размислуваат за едномесечен прекин на издржувањето на затворската казна за оние осуденци каде нема опасност од бегство. Целта е да се спречи ширењето на коронавирусот.

фото илустација