Почина затвореник во кумановскиот затвор

Во СВР Куманово вчера во 8:20 часот било пријавено дека во КПС – Затвор К’шење бил пронајден починат Љ.М(22) од Куманово, без траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

Дел од медиумите претходно објавија дека Л.М е жител на населбата Арбериа во Куманово. Според роднините на починатиот, пишува Алсат, тој во текот на ноќта почувствувал болки, и во отсуство на ноќна смена на лекарите од затворот, тој се напил лекови од другите затвореници.

Total
0
Shares
Поврзани објави