Најновата вест од истражниот затвор Шутка е дека починал притвореник. Се работи за маж на 46 години од Ресен. Бил во соба со уште четворица притвореници.

Претходните денови не се жалел на никакви тегоби.

Се претпоставува дека имал срцев удар, но официјалните информации ќе бидат соопштени по увидот и обудкцијата. Притвореникот бил во истражниот затвор во Шутка оти е дел од осомничените за измами со јаболка во Ресен.