“Не се враќам в затвор оти ќе умрам” , му пиша писмо затвореник – бегалец на премиерот Заев

До редакцијата на dosie.com.mk пристигна отворено писмо до премиерот Зоран Заев и министерот за правда како и документација за скандалозен случај на одлука на суд за прекин на отсуство на осуденик кој бил пуштен на лекување. Денеска Ви го пренесуваме писмото во целост, а потоа следува и анализа на документите и целиот случај.

-Јас Николоски Деанче на издржување затвор во Штип се разболев во затворот. Директорот и докторот од Установата КП Штип поднесоа предлог за прекин на мојата казна до Основен суд Прилеп со документација за мојата болест и немање услови Установата да ме лечи. Судот го уважи предлогот од Установата и ми одобри два месеци прекин. По правосилност на решението бев пуштен и задолжен да доставувам докуманетација до судот секој месец до каде сум со болеста. Почнав со лекување но само по 10 дена појдов во судот да доставам документација и таму ми велат укинат ти е прекинот, нешто за што јас не знаев ниту бев известен. Појдов во Советот на судот во Прилеп да прашам зошто уреден правосилен прекин без ниедна причина ми е укинат. Одговорот беше по жалба на обвинителката од Скопје од Основен 1. Па реков нели обвинителката имаше законски рок за жалба од три дена и не достави жалба и решението стана правосилно? Тие ми одговорија по грешка ја испратила жалбата во друг суд . Јас им реков дека дури и да е така жалбата е ненавремена. Одговорот беше ние си го чуваме лебот.

-Но јас мислам и сум сигурен дека зад сето ова се крие нешто друго. Сега во ситуацијата да појаснам затворот бара прекин на казната за мене поради немање услови да ме лечи. Докторот пишува во Клиничка болница дека лицето Николоски Деанче поради карактерот на болеста треба да се лечи во домашни услови но судот по наредба на некој моќен без никакво законско образложение вели врати се назад ти го укинавме правосилен прекин. Фактички велат умри во затвор. Од каде судот утврди дека јас можам да се лечам во затвор кога докторот од установата и докторот од Клиника велат немаме услови да го лечиме. Сега е прашањето како судот утврди дека установата можи да ме лечи кога не се исконсултира со вештак а повика да ме извештачи и да утврди, дури иако лекарот е специјалист началник на болницата и напишал дека треба да се лекувам во домашни услови. Се прашувам зошто е тоа така и зошто никој не презема ништо. Имам само едно обрзаложение, делтото што го лежам не сум го сторил тврдам одговорно и барам ревизија и правда, а не милост од никого. Значи тие структури што го монтираја мојот процес кога ме видоа надвор на слобода знаејќи дека одам и ќе одам до крај да се расфетли мојот случај кој се учествувал во монтирањето, кренаа телефон кај судиите. Прашувам зошто го кренаа телефонот и прашаа како го пуштија Деанче. На прекин бил одговорот но наредбата е да се најде начин да го скинете прекинот. Затоа ми е укинат прекинот вака мизерно и под многу сомнителни околности. Сега јас морам да се кријам и да се лечам оти ако се вратам во затвор знаејќи ги условите ќе умрам.

Total
0
Shares
Поврзани објави