НАША СТОРИЈА: Со пластичен пиштол се заканиле на затворска полиција , но не виделе дека “Тигрите” го придружуваат

Необично апсење се случи на семафорот во близина на Кривичен суд кога до затворско комбе на затворот Шутка застанал автомобил од кој кон полицајците бил вперен пиштол. Мажите од автомобилот почнале да се закануваат дека ќе го ослободат тој што го носат и дека и нив ќе ги средат.
Но напаѓачите не виделе дека пред и зад комбето на полицијата има придружба од специјалната полициска единица Тигри. Специјалците молневито реагираеле и ги извадиле од автомобилот наводните напаѓачи.
Изенадувањето било најголемо кога при апсењето се утврдило дека тие немале вистински пиштол, туку пластичен. Мажите биле поранешни притвореници и го препознале комбето со кое и нив ги носеле на суд и сакале само да се мајтапат со полицајците. Но наместо тоа заработиле апсење и неколку кривични пријави за тешки дела.
Во комбето бил превезуван осуденикот на кој му е повторена постапката Џенгис Џ. осуден во отсуство на 20 години затвор за убиство на Амел Зверотиќ. Тој го убил Зверовиќ со неколку куршуми поради долг од наводни 100 000 евра и тоа во приколка кај Треска. Приколката била дива коцкарница. Тој по повеќе од една деценија е упасен и повторно му се суди.
Првично полицајците помислиле дека мажите кои се на 25 и на 22 годишна возраст кои со цитроенот со затемнети стакла застанале до нив и впериле пиштол дека сакаат да го ослободуваат Џенгис.

Total
0
Shares
Поврзани објави