Наместо во болница затвореникот со куршум во нога префрлен во затворот во Штип

Затвореникот со куршум и рана во бут кој треба итно да замине на лекување на скопските клиники деновиве бил префлен во затврот во Штип. Се работи за затвореник за кој пред неколку денови пишуваше ДОСИЕ и за неговата алармантна лоша здраствена состојба. Тогаш од Управата за санкции добивме уверување дека затвореникот ќе биде однесен во болница но наместо неговите блиски велат дека е префлен во Штип. Затвореникот има решение и дозвола од суд дека треба да се лечи инаку може да остане траен инвалид или да почине од сепса.
За неговаата здраствена состојба е известен и Народниот правобранител од каде се уште нема никаков одговор што ќе превземе за заштита на правата на затвореникот. До сега затвореникот два пати е однесен во болница, но наместо на клиниката за Трауматологија нему само му била земена крв и толку. На судските процеси па и на самото изрекување на пресудата тој седи поради проблемот со ногата. Зошто властите од Идризово го пренеле во Штип не се знае , а се чека и одговор од Народниот правобранител кој со години се жали за лошиот третман на затворениците во делот на здрствената заштита.
Како што ДОСИЕ извести пред неколку дена затвореникот требало да биде третиран во болница на 8ми мај но од необјасниви причини не бил однесен.
За постапката на Затворот побаравме одговор од Управата за извршување Санкции од каде добивме информација дека за затвореникот се чека асистенција за негов транспорт и чување, за што веќе е договорен нов термин, беше одговорот кој го добивме но наместо тоа тој е префлен во друг затвор.
Се работи за затвореникот Бујамин Фетов еден од осудените седуммина македонски државјани кои биле дел од паравоената формација ИСИС. Шестмина се осудени на шест години затвор, а еден обвинет доби затворска казна од девет години. Делото за кое беа обвинети „учество во странска војска, паравоени или параполициски формации“, а еден од нив е обвинет и за „терористичка организација”, го признаа.
Во август минатата година, во соработка со партнерите од Глобалната коалиција за борба против тероризмот и Сириските Демократски Сили, обвинетите биле лишени од слобода и предадени на македонските органи на прогонот.
Освен учество во паравоените формации надвор од Македонија, обвинетите обезбедувале, собирале финансиски и материјални средства за лица кои учествуваат во овие формации, преку социјалните мрежи и друг вид на комуникација повикувале, врбувале и поттикнувале други лица на учество во паравоените формации надвор од Македонија.

Total
0
Shares
Поврзани објави