Во притворското одделение на затворот во Прилеп пред два часа се обеси притвореник. Според првичните информации на Досие, се работи за момче на 28-годишна возраст. Бил во притвор оти е осомничен за извршено разбојништво.
Според извори на Досие, никој не забележал дека момчето може да посегне по животот. Бил со неколкумина цимери во собата. Изутринава кога биле пуштени притворениците на прошетка во дворот, само момчето не излегло. Кога се вратиле цимерите го нашле обесен. Се обиделе да помогнат, но веќе било доцна.
За настанот се известени сите надлежни институции и ќе се истажува како притвореникот останал сам без надзор и успеал да се обеси без да биде забележан од ниту една служба и другите притвореници во затворот. Ке се истражуваат и причините зошто притвореникот решил вака да си го одземе животот.
Поврзани објави
Болната затвореничка сместена на онкологија, нема одговор зошто “Идризово” не ја носеше на лекување
Затвореничка во Идризово болна од карцином која два месеци лежеше во затворската соба без соодветна терапија од денес…
Турција усвои закон што ќе овозможи ослободување на затвореници
Со 279 гласа „за“ и 51 „против“ турскиот Парламент усвои закон со кој ќе се овозможи ослободување на…
(видео)Камчев заврши во притвор
Бизнисменот Орце Камчев по излегување од судот, негираше дека сакал да бега, како што образложи Агенцијата за национална…
МВР ФОТОГАЛЕРИЈА: Уапсен началникот на штипската полција , притвор за 11 осомничени
На 15.02.2019 година, од страна на Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, во…