На враќање од болница затвореник од Идризово избегал од затворкото комбе додека чуварите си купувале сендвичи

Затвореникот Фидан Исени од затворот во Идризово избега од затворската придружба. Со затворски возило бил на лекарски преглед на скопските клиники, а бегството се случило на враќање.

Според првичните информации од затворот, затвореникот го искористил невниманието на затворските чувари.

Затвореникот го искористил невниманието на чуварите кои ја смениле рутата на движење, односно наместо да тргнат кон затворот „Идризово“ застанале по пат да си купат сендвичи, вели директорот Боби Мојсовски. Тој најавува мерки на одговорност за чуварите.

Затвореникот Исени бил осуден на затворска казна од 7 години и шест месеци и тоа за повеќе кривични дела, односно за предизвикување на општа опсност, насилство, криумчарење на мигранти.. Затвореникот бил повратник, а досега одлежал една година и шест месеци од казната.

Total
0
Shares
Поврзани објави