Мијалков нема да излезе од затворот Шутка

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков останува во притворот во Шутка, одлучи на нејавна седница скопскиот Апелационен суд.

Жалбата на бранителот на Мијалков е отфрлена како неоснована. Првостепеното решение на судечкиот совет во предметот Тврдина Таргет останува да важи.

Пред две недели кривичниот суд во Скопје за случајот со масовното нелегално прислушување му изрече 12-годишна затворска казна на Мијалков и од куќен притвор му го преиначи решението за затворски притвор во траење од 60 денови.

Total
0
Shares
Поврзани објави