КПУ “Идризово” со нови ќелии но и обезбедување поради “Диво Насеље”

Министерката за правда, Рената Дескоска, заедно со Директорот на управата за санкции, Јовица Стојановиќ, денеска пред јавноста ги презентираа новите простории на КПУ „Идризово“ опремени по најсовремени европски стандарди.
Целиот проект за обновување и зголемување на капацитетите на затворот чини 11 милиони евра и е започнат во 2014 година. Во првата фаза изградени се два објекти од отворено и полуотворено одделение со севкупен капацитет од 546 затвореници на простор од 10 илјади метри квадратни вклучувајќи го и оворениот дел од двете згради. Во новите простории ќе бидат сместувани само ново осудувани затвореници.
Изградени се објекти во Отворено одделение за сместување на 294 осудени лица на површина од 3.800 м2. Изграден е објект во Полуотворено одделение за сместување на 252 осудени лица на површина од 4.000 м2. Ќелиите се за сместување на четири осудени лица, со бања, предвидени се заеднички простории за престој, работилници, фитнес сали, ќелии за лица со посебни потреби, шеталишта и игралишта. Изградена е Пречистителна станица за отпадни води.
Извршена е реконструкција на постоен објект кој се адаптираше во Тренинг центар за одржување на обуки и проверка на знаењата на вработените.
Затворот освен редовната затворска полиција го обезбедуваат и специјалци оти во моментов таму се сместени дел од групата осуденици до “Диво Насеље”. Засега се привремено во овој затвор оти затвoрot во Битола исто така се реновира.

Total
0
Shares
Поврзани објави