КПУ Идризово доби нов директор , назначен Боби Мојсоски од Кичево

Боби Мојсоски е назначен в.д. директор на Казнено-поправната установа Идризово. Мојсоски е назначен на последната владина седница. Тој доаѓа на местото на Антонио Димов, кој на оваа позиција беше назначен во февруари годинава.
Димов останува на функцијата се додека назначувањето на неговиот наследник Мојсоски не биде објавен во Службен весник.
Боби Мојсоски досега беше директор на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија. Мојсоски доаѓа од Кичево.

Total
0
Shares
Поврзани објави