Сеад Кочан вечерва е уапсен и однесен во затворот Идризово на издржување на затворската казна, потврдија од МВР за Фокус.

-По судска наредба МВР го спроведе С.К. во затворот Идризово, соопштија од МВР.

Неофицијално, „Алфите“ го уапсиле Кочан од приватна болница каде во последниве 15 дена беше третиран и поради што бараше одложување на издржување на казната.

Тој е осуден на четири години и осум месеци за предметот „Труст“ поради фалсикување на документи за тендер на ЕЛЕМ вредем 17 милиони евра.