Зоран Милевски Кичеец ја променил адресата на живеење од Скопје во Охрид, поради што охридскиот суд треба да одлучува за одлаганје на извршување на неговата казна. Од Скопскиот кривичен суд велат дека барањето на Кичеец веќе е препратено, а одлуката за тоа дали да се прифати или одбие неговото барање за одложување на казната ќе треба да ја донесе судот во Охрид.

-Осудениот го известил судот дека по приемот на Упатниот акт истиот ја променил адресата на живеење од Скопје во Охрид, па согласно одредбите од Законот за извршување санкции, за одлучување по барањето за одлагање како и понатамошното постапување по предметот надлежен според адреса на живеење на осудениот е Основниот суд во Охрид, каде предметот е веќе испратен.Стои во соопштението од судот.

Претходно од управата на затворот во Шуто Оризари порачаа дека очекуваат тој да се појави на издржување на казната, а и самиот Кичеец за дел од медиумите најави дека ќе се појави во затворот и нема да бара одложување на казната.