Кичеец не побарал одложување на издржување на затврската казна

Зоран Милески – Кичеец денеска треба да се пријави во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари“ за да ја отслужи тригодишната затворска казна која ја доби во случајот „Рекет“.

Tој го доби упатниот акт од Кривичен судаше откако од апелациониот ја потврди пресудата во однос на затворската казна, а го вратиле случајот на повторно одлучување пред првостепениот суд во однос на одземените предмети (рачни часовници, лаптопи, мобилни телефони итн).

Во петокот до 12 часот, до Основниот кривичен суд во Скопје немаше стигнато известување дека Кичеец побарал да му се одложи извршувањето на казната.

Кичеец е осуден за делото примање наградата за противзаконито влијание за кое уште на првото судско рочиште на 3 декември лани призна вина.

Другите двајца обвинети во предметот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева, не признаа вина и на нив им се судеше во редовна постапка. Од првостепениот суд Бојан Јовановски – Боки 13 доби 9 години затворска казна за делата перење пари и примање награда за противзаконито влијание, а Катица Јанева доби 7 години затвор за злоупотреба на службената положба. Пресудата за нив сè уште не е правосилна.

Total
0
Shares
Поврзани објави