Екс-специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева останува во притвор откако Апелацискиот суд не ја прифати жалбата со која бараше укинување на притворот.

Од Апелација информираа дека Катица Јанева останува во затворот во „Скопје“ во Шутка поради можност од бегство.

Во одлуката на судот се вели дека со завршување на истрагата, Јанева не може да влијае врз истрагата за предметот и сведоците, па поради тоа точката 2 од Решението е преиначено. 

Поранешната обвинителка сепак останува во притвор според првата точка – „опасност од бегство“.