Специјалната обвинителка Катица Јанева попладнево испратила ново писмо од притворот со кое ја активира оставката што ја депонираше на 15 јули.

Писмото било напишано од неа лично со пенкало на лист хартија и следува откако денеска собраниската Комисија за избори и именувања едногласно препорача нејзино разрешување.

Според Советот на обвинители, независно дали таа поднела оставка, Собранието ќе мора да гласа за нејзиното разрешување поради процедурата пропишана со закон.