Јанева бара да биде префрлена во болница кај Жан Митрев

Осомничената Катица Јанева е во лоша здравствена состојба и нејзиите бранители бараат да биде однесена во болницата Жан Митрев, дознава Либертас од извори од судот.

Од Жан Митрев оваа информација не ја потврдуваат бидејќи такви информации не споделувале со јавноста. Специјалната јавна обвинителка втор месец е во притвор како осомничена во случајот “Рекет“.

Јанева дента кога изби аферата поднесе оставка од функцијата, а неодамна и парламентот ја разреши од функцијата а со тоа и СЈО престана да постои. Предметите од ова обвинителство ги презема ОЈО.

Total
0
Shares
Поврзани објави