ЕКСКЛУЗИВНО : Иванов за Нова Година помилува исти затвореници два пати

Претседателот Ѓорѓе Иванов по повод Нова Година помилува 25 затвореници. Списокот денеска е објавен во Службен весник и според него на списокот има три жени на кои им се скратена казната од по 3 односно шест месеци. Едната од нив оваа година добива намалување по втор пат.
Останатите 22 се мажи од кои најмногу помилување од осум месеци добил затвореник од Скопје , а најмалку или два месеци скратување на казната добил затвореник од Прилеп.
Списоците за помилување на Претседателот со години се критикувани од јавноста поради чудниот начин на кој исти затвореници добиваат и по два пати помилување. Оваа година и покрај констатациите на домашните и странските експерти дека условите во затворите се катастрофални и пренатрупани Иванов помилува само 25- мина.

Total
0
Shares
Поврзани објави