Затвореник живее со куршум во нога во најголемиот затвор Идризово во Скопје, дознава Досие.мк . Според нашите сознанија и податоци затвореникот требало да биде испратен на лекување на хируршките Клиники, но од затворот со месеци не го однеле. Затвореникот има дозвола од судот за лекување, а затворските власти требало да го однесат и чуваат на клиника и со закажан термин на 8 ми овој месец. Но од необјасниви причини тој не е однесен. Поради куршумот во десниот колк затвореникот доколку преживее ќе остане траен инвалид.

За постапката на Затворот побаравме одговор од Управата за извршување Санкции од каде добивме информација дека за затвореникот се чека асистенција за негов транспорт и чување, за што веќе е договорен нов термин.

Се работи за затвореникот Бујамин Фетов еден од осудените седуммина македонски државјани кои биле дел од паравоената формација ИСИС. Шестмина се осудени на шест години затвор, а еден обвинет доби затворска казна од девет години. Делото за кое беа обвинети „учество во странска војска, паравоени или параполициски формации“, а еден од нив е обвинет и за „терористичка организација”, го признаа.

Во август минатата година, во соработка со партнерите од Глобалната коалиција за борба против тероризмот и Сириските Демократски Сили, обвинетите биле лишени од слобода и предадени на македонските органи на прогонот.

Освен учество во паравоените формации надвор од Македонија, обвинетите обезбедувале, собирале финансиски и материјални средства за лица кои учествуваат во овие формации, преку социјалните мрежи и друг вид на комуникација повикувале, врбувале и поттикнувале други лица на учество во паравоените формации надвор од Република Македонија.