Пред три часа во затворот во Идризово се случи нов инцидент , почина затвореникот Џенгис Џемаил. Според информациите на Dosie.mk на затвореникот му се слошило додека бил изнесен на прошетка. Починал од инфаркт. И претходно имал проблеми со срцето.

Тој беше осуден за убиство на Амел Зверотиќ во 2006 година кој го застрелал со неколку куршуми за долг од наводни 100 000 евра. Убиството се случи во приколка кај Треска. Приколката била дива коцкарница.

Тој по повеќе од една деценија беше уапсен и повторно му се судеше оти претходно беше осуден на 20 години затвор во отсуство. Апелациониот суд во Скопје пред неколку дена му ја потврди новата казна од 13 години по што од затворот Шутка пред три дена е пренесен во Идризово. Се жалел дека не се чувствува добро дека има проблеми со срцето но здравствена нега не добил. Денеска доживеал инфаркт и во кругот на Идризово пред очите на другите затвореници и службите починал.

Со него беше поврзан настан за кој исто така пишуваше Досие. Лани мажи со пластичен пиштол застанаа му попречија пат на затворско комбе на затворот Шутка во близина на Кривичниот суд.
Но напаѓачите не виделе дека пред и зад комбето на полицијата има придружба од специјалната полициска единица Тигри. Специјалците брзо реагираеле и ги извадиле од автомобилот наводните напаѓачи. Мажите биле поранешни притвореници и го препознале комбето со кое и нив ги носеле на суд и сакале само да се мајтапат со полицајците. Но наместо тоа беа уапсени и им беа поденсени неколку кривични пријави за тешки дела.

Во комбето тогаш беше превезуван сега починатот  Џенгис. Првично полицајците тогаш  помислиле дека мажите кои се на 25 и на 22 годишна возраст  сакаат да го ослободуваат Џенгис.