Два мобилни телефони најдени кај Сашо Мијалков е веста која стигна попладнево. Наводно веднаш потоа е однесен во суд поради сомневања дека ќе бега.
Но мобилен телефон не е откриен само кај Мијалков туку и кај Камчев. Кај него затворската полиција во четвртокот пронашла еден телефон.
За ова вообичаено се известуваат судиите кои ги водат предметите против осомничените но и обвинетите.
Во затворот е поставен блокатор за мобилни но тој не е во функција. Мобилните телефони се забранети во сите затвори во Македонија, но тие се користат масовно наводно скришум од командирите. Одамна во затворите цути бизнисот со мобилните во кои се замешани и службеници и затвореници.
Затворениците имаат и свои ФБ профили на кои редовно се сликаат па и од затворските соби.