ЕКСКЛУЗИВНО : ХРОНОЛОГИЈА НА БЕГСТВОТО НА СПАСОВ ОД ЗАТВОР, ОДИ ШЕТАЈ!

Игор Спасов осуден на затворска казна од 14 години и 6 месеци за убиство на Мартин Нешковски. Од затворската казна има издржано 6 години и 9 месеци.
Согласно законските прописи и времето поминато во затвор моментално распореден со ЗАТВОРЕН ТРЕТМАН група В3. ( со право на користење викенд отсуство на секои 60 дена). Сите осудени лица со овој третман ЗАДОЛЖИТЕЛНО мораат да бидат сместени и работно ангажирани во ЗАТВОРЕНИОТ ДЕЛ на затворот односно главната зграда, околу која се наоѓа безбедносниот ѕид. Во истиот круг се наоѓа и ПОЛУОТВОРЕНИОТ ДЕЛ, за осудени лица со полуотворен Б третман. Режимот за движење и престој и за нив е во кругот на зидот. Многу пати се случувало и осуденици со А отворен третман со месеци да го чекаат своето преместување во отворениот дел на затворот кое е надвор од главниот ѕид меѓутоа во кругот на Затворот.
Спасов користи викенд отсуства од мај 2017 година, од кои се враќа навреме.
Во јануари 2018 со НАРЕДБА на заменик Директор Садуш Арифи, Игор Спасов работно е ангажиран во домскиот магацин кој е НАДВОР од ѕидот и таму престојувал во текот на целиот ден, навечер влегувал да спие во затворениот дел.
Со НАРЕДБА на Директорот Антонио Димов од 08.03.2018 осуденото лице СПАСОВ ИГОР предвреме и противзаконски е преместено во отворениот дел. Сместен е во павиљонот викан СВИЊАРСТВО. Спасов Игор во затворениот односно полуотворениот дел требало да остане уште скоро 3 години.
Доцна попладнето самоволно ( или некој го пуштил на збор ) го напушта затворот со уште едно осудено лице.
Вечерта “некој” дојавува дека ги нема и се прави вонредна проверка. Се утврдува дека двајцата осуденици не се во Затворот. Се алармира МВР. Телефонски го контактираат Спасов кој е под дејство на алкохол и лут затоа што некој го поткажал. Се појавува околу 02.00 часот на капијата према Полициската академија. Таму затворската полиција се обидува да го запре и приведе на редовен претрес. Се спротиставува.Некако е приведен и во присторијата за претрес започнува вистинска војна со затворската полиција. Спасов крши и удира се пред себе. Летале стакла , столици, удирал по скенерот, кршел стакла. Ги тепал и удирал со што ќе стигнел по ЗАТВОРСКАТА ПОЛИЦИЈА. Едвај повеќемина го совладале применувајќи сила, највероватно и повратен ќотек и сместен е во самица. Во Идризово сред ноќ доаѓа Заповедникот на затворската полиција. Дали интерниот Идризовски протокол при инцидент (службени информации на нападнатите полицајци, заведување на инцидентот) се совпаѓа со снимките од безбедносните камери?
Dosie.mk од добро проверени извори го објавува бегството и инцидентот на Спасов. Во нашата информација стои дека е побегнат од отворениот дел. Директорот Димов ДЕМАНТИРА, вели нема ништо такво и бара НАТПИСОТ ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ. На демантот на Директорот од никаде не повикан или надлежен се огласува првиот Идризовски синдикалец извесен Антонио Стојчевски , затворски полицаец кој го негира бегството, и го обвинува Директорот за санкции најверојатно “што дознал па испратил надзор”. Димов и да го разбереме, нов Директор е не знае сеуште дека во Идризово лагата трае многу кратко, но Стојчевски како прв синдикалец наместо да се интересира за колегите кои Спасов му ги тепал на работно место и истите се присилени да го премолчат инцидентот, нашол момент кога да му се додворува на новиот Директор, да го примети па можда и да го симне од Идризовските караули и му даде некоја функција за лојални. Овој пат Стојчевски немал среќа со овој НОВ ДИРЕКТОР. Кај предходните ваков блеф му поминувал.
На крај на денот Директирот на Управата за санкции Јовица Стојановиќ потврди дека Спасов не бил во ќелијата, напоменувајќи дека не е класично БЕГСТВО туку “отшетување”. До колку осудено лице го напушти затворот истото треба да има Решение за користење домашно отсуство. НАПУШТАЊЕ НА ЗАТВОРОТ БЕЗ РЕШЕНИЕ Е БЕГСТВО, класично ? или некласично ?. Постојат два вида на бегства со и без примена на сила. А постои и помагање и овозможување на бегство !!!.
Спасов ОТШЕТАЛ а затворските власти сеуште ја ШЕТААТ Македонската јавност. Алал нека им е ако помислија дека шетањето им помина.

Total
0
Shares
Поврзани објави