По објавувањето на информацијата дека во Истражниот затвор Скопје е потврден случај на заразен со Ковод19 притворените лица почнуваат штрајк со глад . Според информации на Досие притворените го известиле директорот дека поради појава на корона вирус ќе штрајкуваат. Оваа информација ќе биде доставена и до другите надлежни институции.

Во затворот притворените лица се многу вознемирени последниве два дена. Прво ги вознемири смртта на 47 годишниот ресенчанец. Тој бил во соба со уште четворица притвореници. Според лекарскиот наод тој починал од срцев удар. Но вистински хаос и вознемиреност имало уште сношти пред да биде објавена јавно информацијата дека починатот е позитивен на Ковид 19 кога веќе се слушнало дека смртта на притвореникот е можеби поврзана со вирусот заради кој цела држава е под посебни безбедносни мерки. Денес Министерот Венко Филипче потврди дека починатиот е тестиран посмртно и е потврден корона ворустот – вест која многу ги вознемири и притворените, вработените но и нивните најблиски. По епидемиолошката анкета ќе се испитува како притворено лице се заразило со вирусот кога има ограничено движење , контакти, а затворите спорведуваат заштитни мерки за дезинфекција.

Затворениците и притворените се единствените кои живеат во големи групи во услови на пандемија и вирус кој се шири, а државата со многу вонредни мерки се обидува да го намали ударот на заразени и починати.

К.Мачкиќ