ДОСИЕ.МК  дознава дека бил извршен претрес во затворската соба во истражниот затвор во Шутка во која е сместен Сашо Мијалков и бил пронајден мобилен телефон. За ова затворот ќе го извести надлежниот судија.

Ова е втор пат во неговата соба да биде пронајден мобилен телефон. Првиот пат кога беше приведн од хотелот Мериот каде неофицијално бил на сотанок со одметнатите пратеници од ВМРО -ДПМНЕ при претрес му беа пронајдени два мобилни телефони.

Беше пуштен во куќен притвор, но по изрекување на пресудата за Титаник 2 повторно е во притвор.

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков е неправосилно осуден на три години затвор. Мијалков е осуден за примање награда за противзаконито влијание, кривично дело што им се става на товар на луѓе на моќни функции, во случајов како тогашен директор на УБК, кои замолуваат или наредуваат на други функционери и лица за да сторат кривично дело.