Dosie дознава: Починал затвореник во Идризово, според протоколите се проверува дали е задразен од Ковид 19

Во најголемиот затвор во државава Идризово вчера починал затвореник од полуотвореното одделение. Според протоколите неговото безживотно тело го превзеле службите кои биле заштитени со скафандери. Протоколот предвидува во време на пандемија иако не бил сомнителен случај ниту пак има таков во затворите сепак да се тестира и за Ковод 19.

Информацијата за Досие ја потврдија и од Управата за извршување санкции.

Затвореникот кој починал е во поодминати години и осуден за потешко кривично дело. Но досега имал здраствени пробелми и тоа излив во мозокот, проблеми со очите и друго. Бил лекуван. Но по смртта службите од затворот случајот го пријавиле во надлежните институции кои мора да констатираат од што точно починал затвореникот.

Од управата потврдуваат дека во сите затвори се прават сериозни и големи контроли на влез и излез на сите вработени и лица кои доаѓаат од надвор. Се мери температура, се прави редовна дезинфекција на раце и кондури, се носи оперма за заштите. До сега во затворите никој не се пожалил на неред и недисциплина а службите максимално се посветени на заштита на животот и здравјето на затворениците.

К.Мачкиќ

Total
0
Shares
Поврзани објави