Директорот на затворот “Шутка” ќе поднесе оставка

По барање на Премиерот директорот на затвор Скопје познат како притвор Шутка ќе поднесе оставка. Причина за тоа е вчерашното тепање на притворените Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.

Директорот и сам ј апотврди информацијата. Додека се расчистува одговорноста кој тепал кој провоцирал и зошто двајца притвореници завршија во болница, на социјалните мрежи и порталите се споделува информацијата дека Командат Малишева дел од кумановската гуупа го поздравува тепањето и најавува нову пресметки во затворите. Оваа објава ја лајкувале високи функционери од ДУИ и припадници на затворско обезбедување, додека аналитичари тврдат дека се е исценирано од Груевски и Мицковски.

Случајот ќе се расчисува подолго време , прв со одговорност е директорот , но ако судијата кој денеска при редовна посета утврди и други пропусти во разговор со притворените има право да бара и друга одговорност од инволвирани лица кои дозволиле тепањето да биде организирани и синхронизирано.

Затворот Шутка е под засилено полициско обезбедување подолго време и тоа од специјалните единици на МВР кои се распоредени токму поради припадниците на кумановската група. Дел од нив се распоредени и по други затвори а до скоро сите бара да заминат од Шутка, па дури и самите вработени.

Total
0
Shares
Поврзани објави