Поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, е пренесен синоќа од истражниот затвор во Скопје до штипскиот.

Трансферот беше извршен поради безбедносни причини. Директорот на Затворот во Штип, Мики Тодоров, исто така го потврди ова.

Чавков беше осуден на 18 години затвор за крвавите настани на 27 април 2017 година во Собранието обвинет дека е еден од организаторите како директор на Бирото за јавна безбедност.

извор: Faktor.mk