Бојан Јовановски -Боки 13 од вчера e задржан на интензивна нега во болницата 8-ми Септември, Информацијата ја потврдува и директорот за истражниот затвор Скопје, Есад Рахиќ.

– Поради влошување на здравствената состојба, Јовановски синоќа беше пренесен во градската болница и таму е се уште, му се прават сите потребни испитувања и немаме дополнителни информации, појасни Рахиќ.

Боки 13 ноќта ја поминал под лекарски надзор откако претходно докторот во притворот побарал од судот тој да биде пренесен во болница.

Неговиот адвокат минатата недела алармираше дека здравјето на Бојан е сериозно нарушени и дека болниците го одбиле да го примат. Според адвокат Сашко Дуковски состојбата на Бојан Јовановски и животно загрозувачка со потреба од болнична нега.