Боки 13 излегува од „Шутка“ и оди во домашен притвор

Бојан Јовановски излегува од притвор, од истражниот затвор „Скопје“, бидејќи Аплеациониот суд ја уважи неговата жалба за укинување на притворот.

Од Кривичниот суд соопштија :

-Апелациониот суд Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави решение КОКЖ – 68/20 со кое жалбата на обвинетиот Б.Ј., осуден со првостепена пресуда по предметот КОК бр. 116/19 во јавноста познат како „Рекет“, изјавена преку неговиот бранител, се уважува.
Решението на првостепениот суд се преиначува на начин што се укинува мерката притвор према обвинетиот Б.Ј. и се определува мерка куќен притвор, информираат од Кривичниот суд.

Боки 13 во случајот „Рекет“ беше осуден на 9-годишна затворска казна, а му се суди и за случајот „Меѓународен сојуз“.

Total
0
Shares
Поврзани објави