Боки 13 до судиите: Tреба да бидам жив и здрав, а не мртов

Бојан Јовановски бара да биде пуштен да се лекува оти ке умре. Неговиот адвокат даде голема медицинска документација од државна клиника со која се потврдува дека Бојан мора да биде во болница. Практично има проблем со зелудникот кој скоро и да го нема. Поради повреда на нерв постојано поврака и не може да ја издржи храната и хигиената која е несоодветна за неговата состојба а ја добива во притвор. Ветува и тврди дека нема да бега. Еве што кажа:

Покрај тоа што мојот бранител наведе дека сум два пати неуспешно опериран, би додал дека мојата состојба е животно загрижувачка. И покрај волјата на затворскиот лекар да помогне, во затворот нема услови. Дури 81 ден немам соодветна лекарска помош. Операциите се по сопствена волја, но со лекарска грешка. Некаков нерв од желудникот ми е пресечен и затоа ми се враќа храната. Имам проблем и со белите дробови, рече Јовановски пред Апелационите судии.

Тој додаде дека тоа што физички изгледа добро, не ја отсликува неговата здравствена состојба.

Треба да бидам жив и здрав, а не мртов. Исто така нема да бегам, ниту мојот ментален склоп укажува дека би се дал во бегство. Кога бев лишен во слобода не бегав, туку имав уплатен одмор во Грција. Живеам за докажување на вистината за овој случај и за докажување на мојата невиност. Ќе учествувам во фер кривично правна постапка. Го молам судечкиот совет мене ми е неопходно строго хигиенско лекување и затоа да ја уважи мојата жалба, рече Јовановски.

Total
0
Shares
Поврзани објави