Алармантна безбедносната состојба во затворот “Идризово”

Вработените во најголемиот затвор Идризово јавно објавија дека безбедносната состојба во затворот е алармантна, оти нема доволно вработени затворски полицајци. Тие барале средба со министерката Рената Десковска и директорот на затворот Боби Мојсоски, но до средба не дошло. Целта на средбата била да ги известат за нанесени неправди и кражби поврзани со затворската полиција. Со августовската плата тие не ги добиле по закон пропишаните 5 проценти на име работа во турнус и тоа на ниво на сите затворски установи во државата. Бараат одговор каде се нивните плати.
“Многу понижувачки спрема вработените во установата во оваа постапка од диркеторот. Сакаме да го известиме за алармантно нарушената безбедносна состојба во затворот. Поради малиот број на затворски полицајци едвај се одржува редот во усановата , полицајците во текот на 12 часовна смена не можат да направат ниту 10 минутна пауза за оброк и јадат кој каде ќе стигне од нога бидејќи поради поради мал број на истите буквално се гонети од едно на друго место во текот на целата сменa”, алармираат полицајците.
Тие бараат и нови вработувања и зголемување на бројот на затворски полицајци токму поради подобрување пред се на безбедноста на установата.
До сега познато е дека вработените преку тужби ги остваруваат своите права на бонусите од плата кои не им се даваат. Обвинуваат и за реваншизам од Управата за извршување санкции токму поради овие тужби.

Total
0
Shares
Поврзани објави