Home Форум Затвори КАКВИ СЕ УСЛОВИТЕ ВО МАКЕДОНСКИТЕ ЗАТВОРИ?

This topic contains 0 replies, has 1 voice, and was last updated by  Kristina пред 3 months.

  • Автор
    Мислења
  • #7584 Одговор

    Kristina
    Keymaster

    ЕКСКЛУЗИВНО: Исклучена струјата во дел од затворот Идризово, 90 затвореници готв

    Викендов во затворот Идризово поголема група затвореници останале без основните потреби за подотовка на храна. Огромениот револт се јавил кај осудениците кои се во новото отворено одделение во Установата.

    Ним им е забранет излезот надвор од оградата кон старите делови каде имајќи ја вo предвид катстрофалната храна самите си имале излаботено шупи каде имаат фрижидери и решоа за готвење.

    Управата во четвртокот и петокот им ја ислучила струјата и забранила движење. Во моментов има околу 90 осуденици кои се оставени да зготват храна на две рингли. Тие се прашуваат каде да сварат кафе, каде да зготват јадење, каде да испржат јајца.

    Храната што ја добиваат велат дека е ужасна , смрди и мириса.. Добиваат по едно до две варени јајца, една виршла со сомнителен квалитет и чинија манџа од непознато потекло.

    Затворениците бараат од Управата повторно да им се овозможат старите услови за подготвување храна.

    Тие се плашат дека се можни инциденти, особено во кујничето каде еден вари кафе, друг сака нешто да пржи, трет тура супа , четврт вари макарони. Засега не се случил поголем инцидент но нервозата е голема, како што самите велат врие како во казан. Храната која ја добиваат во пакети од роднините со оглед дека сега немаат фрижидер ја чуваат на прозорците додека е студено.

    Врие, а Управата молчи. Дали ќе молчи и ако не дај боже се случи тепачка, се извадат ножеви и слично или дури тогаш ќе се превземат мерки, прашуваат затворениците. И дворот каде може да излезат да прошетаат е без никаква сенка, а павиљонот е под лимен кров и на лето ќе бидат како под вршник. Затворениците итно бараат Управата да ги реши овие проблеми и алармираат дека тензијата може да предизвика инцидент кој може на време да се спречи.

Reply To: КАКВИ СЕ УСЛОВИТЕ ВО МАКЕДОНСКИТЕ ЗАТВОРИ?
Your information: