Зврлевски на распит за телефонските централи во обвинителството, осомничен нема

Поранешниот републички јавен обвинител Марко Зврлевски, откако ја изгуби раководната позиција, неколкупати беше во новата зграда на Јавното обвинителство, но сега на повик на обвинителите на кои им беше шеф. Тој е последен на листата сведоци кои биле испитувани за предметот што го отвори скопското јавно обвинителство кога беа најдени два хард-диска со снимани разговори на обвинителите, пренесува „Независен“.

Раководителот на скопското Јавно обвинителство Сашо Рајчев во изјава за „Независен весник“ вели дека предметот е сè уште во предистрага и дека по распитот на сведоци ќе се прави техничка експертиза која треба да утврди дали некој неовластено имал контакт со снимените разговори.

„Ако некој имал пристап неовластено до снимените разговори, тогаш станува збор за прислушување, но тие одговори ќе ни ги даде техничката експертиза. Уште немаме осомничен“, ни изјави Рајчев.

Експертизата треба да покаже дали некој имал пристап однадвор и дали разговорите биле злоупотребени, односно дали некој со електронски пристап преку мејлови или на друг начин бил поврзан со разговорите.

текстот е превземен од Фокус.мк 

Total
0
Shares
Поврзани објави