Зијадин Села: Новинарка има снимки од моето тепање !

– За време на нападот новинарка постојано снимаше. Зборуваше со еден од напаѓачите со фантомка на глава. Од нејзината снимка може да се види целиот напад, кажа Зијадин Села лидерот на Алијанса на Албанците , прв пат говорјќи за настаните од 27 април кога беше претепан во Собранието . Во судница пред обвинети за неговото тепање односн за обид за убиство, зборуваше во детали откривајќи дека пратеник од ДУИ и од Алијансата го заштитувале но откако се тргнале целото обезбедување било насочено да го одбрани Зоран Заев. Бил удрен со монитор, сталак за знаме и други предмети. Се обидел да ја заштити главата со рацете. Паднал на колена и изгубил свест. Успеал да види дека напаѓачите биле дел маскирани еден со брада , а еден со кожно елече. Токму по ваквиот опис се препознаваат оние кои се обвинети за тепањто и тоа по препознавање од видео материјали од настаните. Во судницата Села не препозна никој од обвинетите, оти ниту ги знае, ниту ги познава ниту се сеќава кој тепал.
– Се освестив во соба 334 во Собранието. Собата беше темна, а јас бев под бирото. Абдул Фета, вработен во собрание беше со мене и ми се претстави, а со него беше и друго лице. Фета ми кажа дека телефонот постојано ми звони и го земав и се јавив на сопругата и и кажав дека сум жив. Тогаш влегоа полицајци во цивилка. Ми облекоа дуксер и ми дадоа полициска значка, буквално ме маскираа. Ме изнесуваа викајќи повреден полицаец, повреден полицаец. токму овој припадник на обезбедувањето е едел од групата осомничени за тероризам за настаните кога Села беше крвнички натепан.

Total
0
Shares
Поврзани објави