Заштитен сведок за “Монструм” не се сослуша, судот технички неподготвен

Заради технички проблеми денешното рочиште за предметот „Монструм“ се одложи за 11 јули, кога ќе биде сослушан заштитен сведок. Заради технички проблеми за заштита на идентитетот на сведокот, рочиштето не можеше да се одржи денеска.
Во предметот Монструм им се суди на група обвинета за петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година. На доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Откако предметот го презеде СЈО, Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. За законот се уште се недостапни Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници.

Total
0
Shares
Поврзани објави