Заштитен сведок препозна двајца обвинети од “Монструм”

На денешното судско рочиште за предметот на СЈО „Монструм“, загрозениот сведок дава исказ во судницата. Сведокот со кодно име Е1 рече дека 4 лица со возило „голф 3“ црна боја и затемнети стакла 4-5 дена пред 12 април секој ден доаѓале кај Смилковско Езеро на местото на настанот.

Автомобилот бил со регистерска табличка 822, но рече дека не знае кој град. Сведокот ги опиша лицата кои ги видел.

Еден бил висок, црн, со лузна, постар, со седа коса, околу 50-годишна возраст, друг келав, со брада, 35-40 години и уште еден со брада.

„Не изгледаа како да одат на риболов“, рече сведокот.

Тој во судницата препозна двајца од обвинетите, Агим Исмаиловиќ и Сами Љута. И уште еден кој не е обвинет, но моментално е во судницата, за кој рече дека не смее да го посочи од безбедносни причини.

За Сами Љута вели дека 100 отсто е сигурен дека е човекот со долга коса.

На 12 април, денот кога се убиени децата, автомбилот (голф 3) бил паркиран на земјениот пат што води до езерото. „Голфот“ имал бандажи со краци, а сведокот имал можност да ги гледа на 3-4 метри од него.

Пред почетокот на судењето судијата, по барање на обвинителката Фатиме Фетаи, образложи дека е почната постапка за екстрадиција на двајца обвинети, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се наоѓаат во Косово.

Судот даде 15 минути пауза по што продолжува рочиштето.

Total
0
Shares
Поврзани објави