Закани за Боки 13 – Кажи му на тој денес кога ќе оди во обвинителство да не зборува зошто ќе го убиеме

Непосредно пред да дојде Бојан Јовановски во обвинителството, од непознат број ми се јави машки глас и ми рече: „кажи му на тој денес кога ќе оди во обвинителство да не зборува зошто ќе го убиеме“. Овој случај веднаш го пријавив во полиција, изјави за МКД.мк Сашо Дуковски, адвокат на Бојан Јовановски.

Дуковски прашал кој се јавува, но добил одговор: „ти рековме да не прашуваш многу туку само да му пренесеш на педерот дека ако збори ќе го убиеме“. Адвокатот рече дека тој не добил никаква закана.

За ова вечерва конференција за медиумите одржа и Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. „Кој му се заканува на Сашо Дукоски, адвокатот на Боки 13, додека истиот дава исказ пред Јавен обвинител, откако пред само неколку дена на суд рече дека парите од рекетот завршиле кај Зоран и Вице Заев? Кој се плаши од исказот на Боки 13 и неговата содржина? Преку телефон додека истиот е на суд со неговиот адвокат пред јавен обвинител од непознат број и со мутиран глас некој денеска му се закани на адвокатот со зборовите – Ќе те убиеме и тебе и Боки, пазете што зборите. Настанот како што пишуваат медиумите се случил пред Јавен обвинител и истиот е документиран и е влезен во записник, но и во кривична пријава“, рече Стоилковски.

Бојан Јовановски, осуден за случајот „Рекет“, утрово на негово барање бил спроведен во Јавното обвинителство и имал средба со обвинител. Тој наводно поднел две пријави против неколку политичари и бизнисмени за повеќе кривичи дела како противзаконито посредување, изнуда, давање лажен исказ, измама, тортура… Кривичните пријави биле поврзани со предметите „Рекет” и „Меѓународен сојуз”. Најавено е дека Јовановски ќе поднесе и други кривични пријави на 3 јули.

Извор: Мкд.мк

Total
0
Shares
Поврзани објави