Заев во судница за “Монструм”: Можно е да сум рекол дека јавно ќе ги објавам материјалите, а после тоа не се случило…се предадов на СЈО

Зоран Заев денеска во судница даде исказ за случајот Монструм. Според неговото кажување имало транскрипти од раговори во кои се гледале имиња на дел од обвинетите но бидејќи немало јасна слика околу околностите на убиството сите материјали Заев го дал во СЈО. Во продолжение неговиот исказ.

Сите аудиодокази и транскрипти што ги имав за овој случај, кон крајот на 2015 ги предадов во Специјалното јавно обвинителство. Јас, по евиденцијата сум имал милион и нешто разговори и СМС-пораки, дел од нив биле и за овој случај, тоа е споделено и со јавноста, но тоа е сосема мал дел. Видов разговори во форма на транскрипти, кои беа дел од материјалите, а беа препознаени по името и презимето на дел од тогаш веќе првостепено осудени лица, за кои беше позната во јавноста и пресудата, на некои 180 страници. Пресудата беше достапна и за мене и оттаму ги гледав имињата на осудените, текот на рочиштата, сведоците и слично. Селекција никој не може да направи, но кога ќе видиме разговор во транскрипт помеѓу, на пример, господинот Фејзи Азири и друго лице, знаете дека тоа е осудено лице тогаш со првостепена пресуда.

Сакаа да добијат повеќе информации што се случило, знаејќи дека поседуваме ‘бомби’, и за мене е логично да ја бараат вистината. На една од тие средби дел од родителите изразија сомневање дека правосудниот систем крие од нив одредени податоци. Поточно, се работеше за 4 или 5 комуникации помеѓу тогаш осудени лица, за кои еден од соговорниците во таквите разговори беше скриен од нив поради службена тајна или заштита на лични податоци. Тоа кај нив предизвикуваше сериозна резигнираност и сомневање. Имајќи предвид дека можат да посочат за кого се работи, јас ги извадив тие комуникации и им ги презентирав во мое присуство, без да им дадам копија.

Можно е да сум рекол дека јавно ќе ги објавам материјалите, а после тоа не се случило, од единствена причина што сум верувал дека не постои целовитост за создавање цела слика, за мене, којшто не поседувам други видови материјални докази, а и не сум правник за да можам да крај да го согледам правниот настан околу убиството и затоа на крајот донесов одлука, се што поседувам, да не биде објавено, туку дека ми е должност да ги доставам до СЈО, а тие да ги употребат за докажување до крај вистината и секако пред Суд.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Русковска за којашто се води дисциплинска постапка по кривична пријава на распит – истовремено бара нов мандат во обвинителството

Обвинителката Вилма Русковска за којашто се води дисциплинска постапка по кривична пријава на директорот на Управата за финансиска…