Заев во судница: Најмногу бил прислушкуван Бранко Црвенковски

На судскиот процес во кој се обвинети Гордана Јанкулоска Сашо Мијаклов и други за масовното сприслушкување, денес сведочеше Зоран Заев. Претходно за овој предмет беше сослушан и екс разузнавачот Зоран Верушевски , кој кажа дека бомбите на опозицијата биле модифицирани, а Заев денеска во детали појасни од каде дошле како разбрал за нив што се слушнал, но и дека не биле доставувани сукцесивно секојдневно. Тоа и беше единственото прашање на Јанкулоска,а останатите се откажаа од прашања. Потврди дека лично ги селектирал бомбите кои се објавуваат. Еве дел од сведочењето на Заев:

За поседувањето на бомби во партијата СДСМ дознав во 2013 година, кога станав нејзин претседател. Ми кажа претседателот на партиската комисија за безбедност Зоран Верушевски.

Во посед СДСМ имаше над милион комуникации со нелегално прислушувани разговори. На прво место по прислушување била опозицијата, конкретно Бранко Црвенковски, потоа јас, па останатите високи партиски функционери. На второ место беа новинарите, па бизнис фелата, но и високи функционери од власта. Лидерите на албанските партии биле долго, долго време следени без прекин.

Каде се вршело прислушувањето:

Во МВР, односно во Управата за безбедност и контраразузнавање се прислушувало. Тоа го утврдивме од увидот за начинот на ставање на телефоните на слушање, од аналитиката што се правела врз прислушуваниот материјал, од доставувањето на материјалите до Никола Груевски, од еднаквоста, изгледот, структурата… Сето тоа недвосмислено укажуваше дека доаѓа од МВР, односно од УБК. Во тие материјали беа доставени и разговори од посебни истражни мерки (ПИ-мерки), меѓу кои и еден дел од разговорите од посебните истражни мерки против мене со судска наредба, како градоначалник на Струмица.

За бомбите знаел и Груевски со кого заев се сретнал 4 пати, а за да го убеди му кажал за еден разговор во врска со купување земјиште на Водно.

Информацијата дека СДСМ поседува снимки од незаконското следење на комуникациите ја споделив со тогашниот премиер Никола Груевски и со стручни луѓе во обвинителството на кои им верував. Но, само дека ги поседувам. Откако обвинителите не можеа да гарантираат дека материјалите ќе бидат процесирани, Груевски на средбите се шегуваше дека тоа не може да биде точно, дека поседуваме ваков тип на материјали. Одлучи тој, строго под негова контрола врз Јавното обвинителство кое е независен орган, да ги збрише имателите на таквите материјали. За мене одлучи само да ми го земе пасошот, да не ме притвори како Верушевски и другите во ‘Пуч’. Така, јас добив можност да ги објавам бомбите. Еден од тие разговори беше како тој тајно купува плац на Водно. Груевски бараше и лично да ги чуе аудиоматеријалите, но не му дозволув само му прераскажав.

Total
0
Shares
Поврзани објави