Зоран Заев ќе мора да сведочи на судењето за случајот „Монструм“. Сведочењето е по барање на обвинителството и на родителите на убиените момчиња.

Освен Заев, кој им вети на родителите снимки и наводна вистина за убиството на синовите, во судница на барање на обвинителството ќе сведочат и Звонко Костовски, Зоран Трајковски, Зоран Велковски и Љупчо Тодоровски Радникот.

Бараме да сведочи Звонко Костовски за начинот на кои се предадени бомбите од УБК до СЈО. Зоран Заев го повикуваме во однос на неговите информации за овој случај, рече обвинителот Гаврил Бубевски.

Во судница ќе треба да сведочи и Трајковски, вработен во МВР, чии телефонски разговори беа пуштени во судница, а од кои се создаде впечаток дека предупредил дека ќе се случи нешто лошо.

Предупредив дека имам две битни информации. Дека или ќе нападнат полициска станица или вакво нешто, вели полицаецот Зоран Т. на соговорникот Никола Н.

Вработениот во безбедносните служби разговара со уште неколку соговорници и го повторува истото.

Огорчени се на неправдата која поранешниот премиер им ја нанесе родителите на момчињата реагират:

Заев пет месеци се рекламираше со нашиот случај, ни прати порака дека ќе ни ги даде тие државни тајни, од тоа ништо. -Ние сме огорчени од тоа, од самиот Заев. Многу ни ветуваше и на крај ништо. -Неговата гаранција видовте колку им вреди, посочија родителите на егзекутираните деца кај Смиљковското езеро.